SerbianEnglishBulgarianAlbanianHungarianRomanianMacedonian 

Лабораторијата за палинологија
Природно-математички факултет
Трг Доситеја Обрадовића 2
21 000 Нови Сад
Србија

e-mail: novisadpolen@gmail.com



Translation in Macedonian is available thanks to:

Valorisation Grant
JRP IB73A0-111034

swiss-national-science-foundation-logo

 

 

NOVO!

Kalendar polena za Vaš SMART telefon.

 

SMART phone APP

 

Polen

За Поленот

Биолошка функција на поленот е оплодување (опрашување). Покрај неговите основни функции, поленот е еден од најзначaјните биолошки извори на алергени. Алергените својства на поленот потекнуваат од хемиските соединенија кои се наоѓаат на површината и во внатрешноста на самото поленово зрно.

поленовото-зрно-1

Поленовото зрно е богато со различни хемиски соединенија, меѓу кои протеините се едни од најодговорните за предизвикувањето на алергиските реакции (Кај поленот од родот Ambrosia се утврдени 6 значајни алергии).

Поленот е обвиткан со две мембрани. Надворешната обвивка (exina) изградена е од спорополенин и има карактеристична орнаментика. Внатрешната обвивка (intina) е аналогна на целулозниот клеточен зид на растителните клетки.

Содржината на поленовото зрно може да биде ослободена низ отворите на површината од зрната кои служат за ртење на поленовите цевки или пукање на поленовите зрна.

Антигените од поленовите зрно доаѓаат во контакт со слузницата на организмот и предизвикуваат покренување на низа имунолошки реакции кај осетливите особи.

поленовото-зрно-2


Од фенологијата и хорологијата на растителните видови и од параметрите на надворешната средина (температура, влажност, ветровите, инсолација) зависи каде, колку долго и која количина на полен ќе се најде во воздухот (на пр., едно дрво бреза произведува околу 278 милијарди поленови зрна).

Многу важна превентивна мерка, која многу може да им помогне на луѓето алергични на полен е редовното информирање за состојбата и прогнозата за аероалергениот полен во воздухот.
Мерењето на аероалергениот полен во наши услови започнува во почетокот на февруари и трае до првите денови на ноември.

различни-поленови-зрна

Во аеропалинолошките извештаи треба да се обрне внимание на:

  • Почетокот и должината на цветање на алергените растенија
  • Денот со максимален број поленови зрна
  • Деновите кога концентацијата на полен поминува преку критичните вредности, кои можат да предизвикаат алергиски реакции

Количеството на полен во воздухот е најголемо кога е топло и суво време, со слаб ветер, а најниско во текот на ладен и влажен период, особено кога има дожд.