SerbianEnglishBulgarianAlbanianHungarianRomanianMacedonian 

Лабораторијата за палинологија
Природно-математички факултет
Трг Доситеја Обрадовића 2
21 000 Нови Сад
Србија

e-mail: novisadpolen@gmail.com



Translation in Macedonian is available thanks to:

Valorisation Grant
JRP IB73A0-111034

swiss-national-science-foundation-logo

 

 

NOVO!

Kalendar polena za Vaš SMART telefon.

 

SMART phone APP

 

Polen

За Алергии

Што е алергија?
Алергија е преосетливост на некои супстанци, додека алергијската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени) кои предизвикуваат алергијска реакција може да бидат: храна, полен, спори, микрокрлжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и др.

дијаграм-како-поленот-предизвикува-алергија


Како настанува?
Нормално имуниот систем функционира како одбрана од
штетни агенси (пр. бактерии и вируси). Кај поголем дел од алергиските реакции имуниот систем реагира на алергенот како на штетен агенс. При првиот контакт со алергенот, организмот произведува голема колична на антитела (IgE). Овие антитела се соединенија од протеинска природа и тие се карактеристични за секој алерген (пр: за различни видови полен).Молекулите на имуноглобулинот Е (IgE) во организмот се прицврстени за мастоцитите (клетки присутни во многу ткива) и за крвните базофилни гранулоцити (клетки кои се ноѓаат во крвта).
Кога алергенот повторно ќе дојде во организмот, тој се прилепува за две специфични IgE, прицврстени за горе споменатите клетки. Контактот помеѓу IgE и алергените представува сигнал за мастоцитите и базофилните гранулоцити да произведуваат и ослободуваат силни инфламаторни материи, како што се: хистамини, простагландини и леукотриени. Ефектот на делување од овие хемиски материи на различни делови од телото предизвикуваат симптоми на алергиски реакции. Кај алергиите на полен може да се забележат следните симптоми: кивање, чешање во пределот на носот, грлото и очите; темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи, коњуктивитис, ринитис. Некои луѓе, алергични на полен, можат да развијат астма.



Како се лечи ?
Постојат три основни постапки во ле
чењето на алергијата, а тоа се:1. Избегнување на алергени
2. Зема
ње на лекови кои ги намалуваат симптомите (го спречуваат ослободувањето на активните хемиски материи)
3.
Имунотерапија или комбинација од овие методи

Избегнувањето на поленот тешко може да се постигне, но следењето на следниве совети може многу да помогне:
1.
Испитајте кои се тие растителни видови на чиј полен сте алергични.
2.
Побарајте совет од доктор кои лекови ќе ви ги олеснат симптомите (Запомнете дека поголем број од лековите најдобро делуваат ако се применат пред симптомите да се влошат).
3.
Користете го пребројувањето на полени (алерголошки извештаи) и според нив организирајте ја Вашата активност.
4. По можност престојувајте подолго во затворен простор во текот на сезоната кога цветаат растенија на чии полени сте алергични, а дождливите денови одберете ги за прошетка.
5.
Имајте на ум дека деновите со релативно ниска влажност на воздухот и слаб ветер се изразито погодни за ослободување на поленот во воздухот.
6. Секогаш носете очила за сонце за да ги заштите очите од поленот (Најдобар ефект имаат очилата со штитници од сите страни на рамката).
7. Не косете трева Вие, и останете внатре додека тоа се прави (Сепак ако немо
жете да го избегнете косењето задолжително носете маска).
8.
Честото косење на тревата може да го спречи цветањето на тревата (Сепак тревата со тек на време, се прилагодува да цвета иако се коси многу ниско).
9. Редовно одр
жувајте ја хигиената на нечистите површини.
10. Др
жете ги прозорците во домот затворени, а посебно во автомобилот, кога концентрацијата на поленот е висока од тој вид.
11. Идеално за ладење и провертување е употребата на клима уред, бидејки тоа значително ќе го намали внесот на полени.
12.
Ако неможете да си дозволите автомобил со клима уред, тогаш размислете за вградување на систем за вентилација.
13.
Не престојувајте во паркови или на село во текот на сезоната кога цветаат растителните видови, на чиј полен сте алергични.
14. Избегнувајте прошетка покрај и низ многу нечисти површини.
15.
Планирајте го вашиот одмор така за да можете да ја избегнете сезоната на цветање на одредените алергени растенија.
16.
Ако сте алергични на полен од вид на растение кое е под вашиот прозорец, одстранете го.
17.
За да го одстраните поленот од вашата коса, туширајте се кога ќе дојдете дома.
18. Почесто мијте ги вашите очи и лице.
19.
Избегнувајте сушење на алишта на отворено.
20.
Пациентите кои и покрај овие едноставни мерки на претпазливост, имаат силни алергиски симптоми, треба да размислат за терапијска десензитизација.Кога започнува ладно и влажно време, воглавно престануваат тегобите предизвикани од аларгијата на полен. Доколку алергиската реакција продолжи, особено кога подолго време престојувате во затворен простор, возможно е да сте алергични на многубројните алергени кои можат да се најдат во домашната прашина т. да имате таканаречена ИНДОР АЛЕРГИЈА.